Мониторинг: ДУИ со видео спот од војната во Косово

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно забележува и архивира штетни и неприкладни содржини, изјави, видео материјали од учесниците во кампањата за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули.

Снимки од конфликтот во 1999 во Косово, кога припадниците на ОВК ја рушат границата со Албанија, се

користат во новите спотови на ДУИ за предизборна промоција на оваа партија за изборите на 15 Јули.

Поранешната пратеничка од редовите на ДУИ,  Шкодране Дардишта, којашто воедно учествуваше во ОВК, во спотот изјавува  дека исто како што успеале да победат во војната во Косово, конфликтот во 2001 прва, така ќе победат и на овие парламемтарни избори во намерата за прв премиер албанец.

Вакви содржини предизвикуваат етнички тензии, содржуват националистичка реторика а во снимките се користат и инсерти од воени зони.

ЦИВИЛ упатува апел до сите чинители во изборниот процес во иднина да внимаваат какви пораки испраќаат со нивните предизборни пропагандни и медиумски продукти.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ