„Преку аудиовизуелизација и дебата до полесно и поефикасно учење “, во организација на ЦИВИЛ Млади покажа во кој правец се развива конструктивна дискусија ученик-ученик, ученик-професор и професор-професор. На тема „Интернет зависност кај средношколците“, преку документарниот филм „Web Junkie“ и презентација со статистички податоци за развојот на конструктивина комуникација во училиштата, средношколците се обидоа да ги пренесат нивните ставови и потреби до професорите, а тие нивното искуство и поглед кој технологијата.
Стефан Саздовски, еден од говорниците на дебатата, истакна дека младите во Македонија во најголема мера интернетот го користат непродуктивно.
„Патот на дигитализацијата во училиштата во Македонија е бавен, но верувам дека еден ден ќе го постигне очекуваното ниво. Младината во најголема мера не е заинтересирана за општествените проблеми, а и проблемите надвор од училишните клупи, но верувам дека и таа мала група на млади може да донесе подобро утре. Нека оваа иницијатива биде мотив плус, како за учениците и професорите, така и за надлежните служби, да увидат дека сепак младите се желни за нови знаења на еден посовремен и поадектватен начин на работа“, изјави Саздовски.
Од друга страна, за Горазд Орданоски се работи за феномен кој мора да научиме да го контролираме.
„За да се реши проблемот со зависноста, не смееме да креираме аверзија и да ги учиме младите дека технологијата е лоша. Напротив, треба да ги научиме тие соодветно да ја користат, со што тие самите ќе се адаптираат и научат колку истата треба да ја користат. Главниот проблем лежи во тоа што повеќето од родителите немаат соодветни механизми за да ја контролираат технологијата во животите на децата, бидејќи и тие самите за прв пат се сретнуваат со нешто такво“, изјави Орданоски.
„Младите го злоупотребуваат интернетот барајќи афирмација и покажувајќи колку се „поразлични од другите“, сликаат на социјалните мрежи дека за доручек јаделе манго или дека си купиле нова патика.А пак, користењето на аудиовизуелизацијата мора да го следи менталниот склоп на младите. Со консумеризмот и времето кога компаниите се борат за нашето внимание и не натрупуваат со информации, училиштата мора да најдат најдобар начин да ни ги пласираат и втемелат знаењата. А, тоа е со гледање и слушање на материјалот. Така тој останува полесно во долготрајна меморија, а истовремено сме подготвени и критички да ги анализираме и восприемаме информациите кои сликовито ги разбираме и се блсику до нас“, смета Арсенијевиќ.
Еден од присутните ученици ја поздрави иницијатаивата, но сметаше дека самиот настан и темата се соочуваат со хипокризија, затоа што 90% од учесниците се зависни од интернетот.
„Јас лично говорам како поранешен интернет зависник. Имав периоди кога седев и по 12 часа на ден пред компјутер играјќи видео игри и кога ке се сетам на тоа се чувствувам понижувачки“, изјави истиот ученик.
Настанот се одржа во СУГС „Георги Димитров“ со поддршка на ЦИВИЛ-Центар за слобода и Македокс.
Вакви настани се планираат и во низа други училишта на подрачјето на Град Скопје.
ЦИВИЛ Млади ги повикува сите заинтересирани училишта, ученици и професори доколку се заинтересирани можат да се информираат на ЦИВИЛ Мк, Citizen Journalists Macedonia, на веб сајтот за граѓанското новинарство clp.mk i на фејзбук страницата и сајтот на Македокс.
Давид Стојановски