Во вториот дел од ТВ дуелот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски на Канал 5, во емисијата „Само вистина“, на повеќе пати повтореното прашање дали има намера да го поништи Преспанскиот договор доколку неговата партија дојде на власт, Мицкоски немаше храброст да одговори директно. Иако толку многу говори и работи против Преспанскиот договор, Мицкоски, едноставно, не одговори ни со да, ни со не.