Логото на редакцијата „СДК.МК“ злоупотребено за ширење на лажни вести

Со лажна вест е фалсификувано логото на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и се шири на социјалните мрежи твит од еден од лидерите на движењето „БОЈКОТИРАМ“ со наслов што не постои на нивната медиумска платформа.

„Редакција САКАМДАКАЖАМ.МК го осудува фалсификатот и ќе ги преземе сите законски мерки за заштита и одговорност за секаково ширење на лажни вести. Ви благодариме на довербата и поддршката во нашата борба против лажни вести и пропаганда“, соопштија од редакција.

Во изминатиот период бројот на лажни вести и дезинформации е во пораст, особено за пандемијата и лажните информации за 5-Г мрежата и наводното чипирање. Граѓаните во овој случај се заплашуваат да не излегуваат на гласање бидејќи ќе бидат вакцинирани.

ЦИВИЛ бара од институциите да преземат мерки и да го санкционираат овој случај и во иднина да нема вакви или слични лажни вести, фалсификувајќи лого на одредена медиумска редакција. Медиумите треба да бидат слободни, независни и објективни, и секој обид за нивно дискредитирање треба да се санкционира!

Д.М.