Лажна вест се шири на социјалните мрежи дека се запленети авиони на СЗО кои пренесувале раствор за Ковид-19

На социјалните мрежи се шири лажна вест дека имено шведското водухопловство заплени три авиони во сопоственост на СЗО кои наводно пренесувале раствор што ги предизвикува симптомите на корона вирусот.

 

Оваа лажна вест ја објави Златко Ате Димески на својот Фејсбук профил, а истот пост има околу 1.300 споделувања и над 50 коментари.

Златко Ате Димески се оградува дека „не е новинар“ па да мора да проверува информации, но очигледно си дава за право да шири дезинформации и лажни вести на социјалните мрежи и да не сноси накаква одговорност за тоа.

Дезинформациите пред сè предизвикаа паника кај граѓаните и, како резултат на склоноста на граѓаните да ги шират сите информации што ги читаат, непроверени и често пати лажни, тие стигнаа до голем дел од јавноста. Феноменот на „инфодемија“ брзо се распространува и бројни и разни дезинформации се дистрибуираат уште од моментот кога почна известувањето за корона вирусот или КОВИД 19.

Општествата низ целиот свет, покрај борбата против пандемијата на корона вирус, исто така, треба да се борат против инфодемијата, термин што Светската здравствена организација го воведе во употреба за да го објасни објавувањето неточни информации што им го отежнува на луѓето наоѓањето сигурни и доверливи извори и упатства кога тоа им е потребно. Значи, инфодемија е „болест“ што ги има „инфицирано“ информациите со невистини.

Д. М.