„Лажна вест се објавите на Република, Инфомакс и Експрес дека наводно вчерва пристигнале првите граѓани локално население од Авганистан во Северна Македонија. Сѐ уште нема пристигни лица, ситуацијата на аеродромот во Кабул е неизвесна. Дезинформациите служат за манипулација на граѓаните“, стои во демантот на Владата објавен на Твитер.
Во текстовите на Инфомакс, Република и Експрес покрај дезинформацијата се шири и паника и страв меѓу граѓаните со тоа што пишуваат: „Дали ќе бидат изолирани и обезбедени, или пуштени слободно да се движат низ градовите и населените места“.
Владата нема никакви предрасуди, ги донесе сите неопходни одлуки, понуди и подава рака и учествува во хуманитарна мисија за Авганистан. Премиерот Зоран Заев истакна дека трошоците ќе ги покријат соодветните организации, Соединетите Држави, невладините организации, како НЕД, Фондација Отворено општество, ИРИ, НДИ и други.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ