Порталот Булевар.мк шири лаги и дезинформации во врска со вакцинирањето против Ковид-19, објавувајќи вест со наслов: „БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8“.
Во текстот освен лаги и манипулации нема ниту еден конкретен доказ или аргумент. Не е напишано ниту името и презимето на „чесната докторката“ која ја споделила информацијата, ниту каде работи итн.
„Вчера една наша чесна матична лекарка пиша: Од 10 пациенти од ковид, осум ми се ревакцинирани.
Па добро бе, ај хер Хитлерче што лаже лаже. Зошто му верувате? Гледате дека будали прават од вас.
Стотици добри лекари ви кажуваат, не Сашо Тасевски, лекари бе лекари ви кажуваат аргументирано дека вакцината е смртоносна“, се вели во дел од манипулативниот текст.
На Фејсбук страницата на Булевар оваа лажна вест има над 1.500 реакции, околу 300 каментари и речиси 700 споделувања, имајќи предвид дека граѓаните читаат само наслови, а не цел текст. Дел од коментарите се дека граѓаните треба да ги проверуваат информациите.
Порталот нема импресиум, не се знае кој е „уредникот“ на тестот. Вакви лажни вести и дезинформации имаат за цел да внесуваат страв и несигурност меѓу граѓаните.
Граѓан(к)ите треба да ги проверуваат информациите и да внимаваат од кои „медиумски и партиски кујни“ произлегуваат. Институциите исто така треба да се поажурни и да ги санкционираат сите што шират лаги и дезинформации.