„Кратки нозе“ #14: Мактел и Апасиев за рушење џамии и исламизација, дали Дарлишта е директорка на Клинички, Николоски или Зејд со „кратки нозе“ за интерпелацијата?

Во овие „Кратки нозе“: Дезинформации на „Мактел“ дека лидерот и пратеник на Левица, Апасиев ќе рушел џамии, но и невистини од Апасиев за исламизација на цела држава. Откриваме и дали Шкодране Дардишта, актуелна со изјавата за „чизмите на таван“, е директорка на Клинички како што објавија повеќе портали? Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди, пратеникот на Алтернатива, Реџепи – Зејд, сепак ќе гласа за интерпелација на Владата. Реџепи – Зејд го тврди спротивното. Кој е со „кратки нозе“?

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети