Користењето на службените возила за остварување на партиски цел не е новина во Крушево. Што прават службените возила на Јавното Претпријатие "Комуна" и новото службено возило на Општина Крушево, купено пред една година, пред Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, доцна навечер, се прашуваат граѓаните на Крушево, со чии пари се купени споменатите возила.
Како што може да се забележи од фотографиите, двете возила се паркирани надвор од работно време, пред Штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде сигурно вработените во овие институции кои управуваат со возилата, не вршат јавна фукнција за остварување на интересите на сите жители на Крушево.
Сотир Габеловски
Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.