Колку чинат изборните кампањи на претседателските кандидати?

Државната изборна комисија ги објави поднесените финансииски извештаи на политичките партии и на претседателските кандидати, учесници во претседателските и предвремените локални избори во Охирд, Дебар и Ново Село.

Гордана Силјановска Давкова во период од 1 до 10 април потрошила 167 илјади евра. Спред извештајот за нејзината кампања донирале 250 лица. Највисоки износи за донација уплатиле Александар Николоски, потпретсдеател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Антонио Милошоски.

За локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ, во десетте дена изборна кампања, потрошила само 10 илјади денари за двата кандидата за градоначалници во Охрид и Ново Село.

Стево Пендаровски најголемиот дел од средствата ги добил преку членарина на СДСМ, вкупно 10 милиони денари, а само едно лице, Павле Дукадиновски, донирал 150 илјади денари.

СДСМ, во своите кандидати за градоначлници вложила 500 илјади денари од чланарина.

Блерим Река потрошил 25 илјади евра за изборната кампања.

Целосните финансиски извештаи и на партиите и на кандидатите за претседател можат да се најдат на веб страниците на ДИК и Државната комисија за спречување на корупција.

Б. Јордановска