Новинарот Томислав Кежаровски на Фестивалот на слободата, зборуваше за човековите права, а воедно и го честиташе 20 – иот роденден на ЦИВИЛ.
„Човековите права се основните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество. Тие патем се и најсилниот показател за карактерот на власта. Колку тие се поголеми, толку власта е оневозможена за нивна злоупотреба. Денеска ЦИВИЛ слави роденден, 20 години постоење. Но, денеска ЦИВИЛ слави 20 години непокор за заштита токму на човековите права. Од срце ви посакувам уште долги години постоење“, изјави новинарот Томислам Кежаровски.
А. П. (обработка на текст)
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска