Мултимедијалната програма на ЦИВИЛ ФЕСТ кој ќе се одржува на 10 и 11 декември во просториите на Младински културен центар (МКЦ) предвидува и простор наменет за најмладите.
Во детското катче кое ќе функционира од 13 до 18 часот во текот на двата дена, ќе има многу хартија, платна и бои на кои децата ќе имаат можност преку цртеж да ги изразат своите сфаќања за еднаквоста, правдата и слободата. За нив ќе се грижи дел од тимот на ЦИВИЛ, додека посетител(к)ите ги посетуваат содржините на богатата фестивалска програма.
This post is also available in: Albanian