Државната изборна комисија упати јавен повик до сите граѓанки и граѓани со кој ги известува дека од вчера, 23 февруари, е започнат јавниот увид во Избирачкиот список.
Увидот ќе трае заклучно со 14 март, до полноќ. Во овој период секој ден од 8:30 до 19 часот, вклучувајќи ги викендите и празниците, граѓаните увид во Избирачкиот список можат да направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК или на нивната веб страница.
Во Избирачкиот список се проверува состојбата на податоци на граѓаните и тоа на оние што наполиниле 18 години со важечка лична карта или пасош на денот на одржување на изборите, 21 април, умрени лица 30 дена пред денот на распишување на изборите, 8 јануари и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишување на изборите.
Барањата за запишување, бришење или дополнување на Избирачкиот список, граѓаните ќе мора да ги поднест лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Што се однесува до гласањето во странство, ДИК ги повика граѓаните што се во странство увид во Избирачкиот список да направат во дипломатско-конзулантските претставништва. Граѓаните што за време на изборите ќе бидат во странство имаат можност со своерачно потпишана пријава за гласање и поднесена во ДКП да најават дека ќе го остварат своето право на глас, но тоа можат да го направат и преку онлајн апикација што може да се најде на веб страницата на ДИК.
Б. Ј.