И автомобилите ја пречекаа новогодишната елка

На свеченото пуштање на новогодишната елка на плоштадот Македонија, покрај градските власти и граѓан(к)ите присуствуваа и неколку паркирани автомобили видно возбудени од атмосферата во центарот на главниот град.

На фотографиите кои до редакцијата на ЦИВИЛ Медија ги испрати граѓански новинар се гледаат неколку автомобили паркирани на место на кое не е предвиден сообраќај.

„Можеби се паркирани на плоштадот бидејќи имаат налепници дека ги исполуваат еко-стандардите“, иронично коментира граѓанскиот новинар.

М. И.