Фари Хисени, граѓански активист, ЦИВИЛец и драг соработник и другар, по повод Меѓународниот ден на човековите права и одбележувањето на 20 години ЦИВИЛ, на Фестивалот на слободата, зборуваше за своето лично искуство и времето поминато во организацијата, упатувајќи порака дека она на што треба да работиме е меѓусебното почитување.
„Знаеме од кои причини беше потребно и важно да се потпише, пред 71 година, Декларацијата за човекови права. Многу е битно да знаеме дека правата како такви се дефинирани од човекот и им служат на сите луѓе подеднакво. Но, битно е да знаеме дека истите тие права се кршат од истите оние што ги дефинирале. Треба да знаеме, пред сè, да се почитуваме меѓусебно затоа што тие им служат на сите луѓе. Од лично искуство и моето време поминато во ЦИВИЛ, односно еднаш ЦИВИЛ засекогаш ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ е простор каде што покрај професионалниот аспект, е место со преубава атмосфера и дружба, битен чекор во развојот на луѓето внатре во личната перспектива. Иако многу кратко бев во ЦИВИЛ, контактите, дружбата, комуникацијата до ден денес си продолжува. Тоа е можност и за идните генерации што немале можност да си ги искажат своите ставови, тоа слободно да го направат во ЦИВИЛ и дефинитивно да не бидеш цензуриран и така да бидеш пренесен во јавноста“, изјави Фари Хисени порачувајќи им на сите дека ЦИВИЛ е одлично место за развој, успешни приказни и стекнување нови вештини.
Б. Ј.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети