(Поглед во внатрешната статистика на ЦИВИЛ, Ние сме медиумите,2.дел)
Проектот „Граѓански објектив“ прерасна во еден од највиралните и успешни проекти во земјата, а преку големата поддршка од заедницата собравме огромен број материјали и информации за општеството. Лично, имав сомнежи за тоа каков ќе биде приемот видеозаписите и фотоматеријалите во очите на пошироката јавност, но мошне изненаден сум од одговорот.
Огромно задоволство е да се види како овие аматерски фотографии и видеозаписи се споделуваат и за нив се коментира, а некои дури и се појавуваат во вечерните вести на телевизиски станици. Кога започнавме, морам да признам дека бев малку вообразен – имајќи понапредно техничко искуство и образование во областа на информациската технологија – бев убеден дека ќе има мал број прегледи поради таквиот квалитет и недостигот на професионализам.
Меѓутоа, овие видеозаписи и фотографии беа интересни, правилно документирани, актуелни и најважно од сè – беа создадени од обични граѓани, и тоа успеа! Сето тоа ме наведе да ја преиспитам мојата работна етика, учејќи многу во текот на спроведувањето на проектот и навистина тоа беше извонредно искуство.
Тука би сакал да споделам некои статистички податоци за различните социјални медиуми и интернет-сообраќајот што се одвиваше во текот на проектот (1 октомври 2016 – 30 септември 2017). На пример, само од нашиот YouTube канал во наведениот период имаме 835.000 минути гледаност, што преставува речиси две години (1 година и 215 дена) време на гледаност. Исто така, на YouTube имаме речиси половина милион прегледи во истиот период како и раст од 7,26 % во овој сектор, 25 % поголем раст во претплатничката стапка, 48 % раст во стапката на лајкови и над 91 % од нашите видеа кои се користат во плејлисти. Нашите статистики од Фејсбук покажуваат дека нашите постови во истиот период ги погледнале 8.140,931 пати. Неверојатно! Оваа бројка од над 8 милиони е повеќе од четири пати поголема од населението на нашата земја. Само видеата од една од нашите Фејсбук страници (CIVIL.MK) биле прегледани 1.157,681 пати.
Овие бројки се неверојатни, немам што да додадам.
Ермин Климента
This post is also available in: English