Граѓански објектив во Куманово

Претставници на граѓански организации, млади новинар(к)и и заинтересирани граѓан(к)и беа дел од еднодневниот семинар за граѓанско новинарство во Куманово, на 24 февруари 2018.

Како граѓанското новинарство го промени светот и како може да придонесе кон транспарентни и одговорни процеси во заедниците, општините и целото општество? - беа дел од прашањата на кои тимот на ЦИВИЛ се обиде да одговори на овој динамичен и интерактивен семинар. Учесничките и учесниците на семинарот имаа можност да се запознаат со проектот „Граѓански објектив“ и да се стекнат со практични знаења од областа на новинарството, медиумската писменост и граѓанското учество.

Учесничките и учесниците на кумановскиот семинар споделија информации и искуства за животот и предизвиците во оваа општина, која може да послужи за пример за соживот и соработка, но и општина во која, сепак, се присутни и дискриминацијата и насилството. По овој семинар, ЦИВИЛ очекува повеќе одлични стории од Куманово кои ќе придонесат кон позитивни промени и разобличување на лошите практики во институциите.

М.Л.