ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“на градскиот плоштад во Куманово во центарот на градот, среда со почеток во 18 часот.
Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот Граѓански објектив, а ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.
Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство во овој град, но и ќе даде увид како граѓанките новинарки и новинари можат да помогнат во изборното набљудување за престојните претседателски избори.