Говор на омраза, закани и повици за линч за Заев

Додека траеше вчерашниот ТВ дуел помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на Фејсбук профилот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ дуелот се пренесуваше во живо каде што имаше над 2.500 коментари, а дел од коментарите содржат говор на омраза и повици за линч кон лидерот на СДСМ.

Еден од коментарите е на Цеце Казим Џес кој гласи: „Зоран Заев имаш многу убава лузна на устата мислам дека заслужуваш уште поголема лузна во устата и главата, предавник се обележува со лузни а една од таквите е кај тебе Зоран Заев само заслужуваш повеќе лузни а тоа ќе го добиеш од граѓаните после изборите“.


Имаше и коментари од лажни профили, односно на нивните профили нема лични податоци ниту фотографии. Содржините што ги објавуваат на нивните профили се со партиска пропаганда за ВМРО ДПМНЕ.

Дел од коментарите се и повици за јавен линч на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и сите „предавници“ кои го сменија името да се бесат и стрелаат на плоштад.

Говорот на омразата, особено кога тој е очигледно организиран на овој начин, може да предизвика насилство и дела од омраза. ЦИВИЛ констатира дека до сега, не се забележува активност на надлежните институции за спречување и санкционирање на бројните јавни закани и повици за линч на социјалните мрежи.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ