Говор на омраза и закана: „Педери умрете од СИДА“

По само неколку часа откако на Фејсбук страната Македонски прес e објавена фотографија од новиот мурал во најава со коментар кој е варијација на изборниот слоган на СДСМ: „Денес градскиот стадион на Штип изгледа вака… Можеме повеќе, можеме уште подобро!“, веднаш беше ишкртан со погрдни зборови „Пе….и умрете од СИДА! Одма“.

„Зошто денот кога СДСМ има митинг во Штип, во паркот 8ми Ноември (и се уништува зелената површина) на стадионот се родија боите на ХомоГејБиЛезбо лобито…? Извинете ама морав да го доукрасам логото на пе…. баш овака. Мразам јавно, општествено прокламирање на хомосексуализам затоа умрете од СИДА, Одма!“, напишал Жак Макрол на Фејсбук.

 

Меѓутоа, по неколку часа го избришал статусот во кој имаше низа на коментари со говор на омраза и закани за ЛГБТИ лицата.

Во текот на ноќтта целиот мурал беше офарбан.

Претходно на Фесјбук објавата на Македонски прес имаше коментари со говор на омраза кон ЛГБТИ лицата, како и закана за уметниците кои го цртаат муралот. Како и најава дека ќе биде офарбан муралот.

Пред да биде оштетен муралот ЦИВИЛ објави дека говорот на омразата, особено кога тој е очигледно организиран на овој начин, може да предизвика насилство и дела од омраза. ЦИВИЛ констатира дека до сега, не се забележува активност на надлежните институции за спречување и санкционирање на бројните јавни закани и повици за линч на социјалните мрежи и во дел од интернет медиумите.

Во овој случај, самите сторители на делото се „пофалија“ на социјалните мрежи. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да реагираат и да ги пронајдат сторителите и да ги санкционираат, бидејќи во нашето општество нема место за говор на омраза и нетолеранција.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ