Говор на омраза: „Глас за Заев е глас за ш….. премиер“!

Лицето Никола Пејовски на Фејсбук шири говор на омраза. Тој на неговиот Фејсбук профил објави статус: „Глас за Заев и сдс е глас за Албанец (ш……р) премиер!!! Е па чорба Македонче“.

Под неговиот статус има неколку коментари кои исто така продолжуваат со ширење на говорот на омраза по партиска, етничка и верска основа.

 

 

На неговиот Фејсбук профил нема информации за него (од каде е, што работи)… единствено нешто што може да се заклучи според објавените фотографии и статуси е дека е член или активист на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести и дезинформации, поткрепени со говор на омраза.  Очигледно поради недостаток од идеи, членовите и симпатизерите се заплашуваат дека ако  не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, односно ако гласот го дадат за било која друга партија тогаш ќе има премиер Албанец.

Инаку, СДСМ и Беса заеднички настапуваат на изборите на 15 јули, што е прва предизборна коалиција меѓу партии од македонскиот и од албанскиот блок. Лидерот на СДСМ, Заев неодамна ја отфрли идејата на ДУИ.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ