„Веќе сме во краен период во кој во земјава се очекува да пристигнат и останатите вакцини и последните најави се дека тоа ќе биде до крајот на месецов“, информира министерот Венко Филипче при денешната посета на новата модуларна ковид болница во рамки на велешката Општа болница.
„Веќе добро функционира системот на закажување, близу 95 илјади граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари. Од нив, 44 илјади се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, значи се таа прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат вакцинирани по медицинскиот кадар. Веднаш кога ќе пристигнат вакцините, за разлика од сегашните вакцини тие ќе бидат дистрибуирани до сите вакцинални пунктови во земјава и ќе започне масовното вакцинирање на населението“, најави Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека ќе се направи проценка дали треба да се набават и содветни количини од руската вакцина против Ковид-19.
„Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи“, додаде Филипче./МИА/