Филипче ги демантира медиумите кои шират дезинформации дека барал совети од Тодоров

Во време на пандемија, кога не само нашата држава, туку цел свет се бори против корона вирусот, неколку медиуми за кои има наводи дека се финансираат од Унгарија, за да шират лажни вести, дезинформации и политичка пропаганда, се на висина на задачата. Мета на дезинформации овојпат беше министерот за здравство Венко Филипче, дека наводно совети барал од поранешниот министер Никола Тодоров. Дел од интернет порталите оркестрирано излегоа со вакви наслови:

– Филипче нема од кого, па совети добивал од адвокатот Никола Тодоров, пишува Вечер.мк

– Филипче: Тодоров има експертиза во областа на епидемологијата, секој ден се консултирам со него, пишуваат Инфомакс и Курир.

– Филипче: Секојдневно се консултирам со Никола Тодоров, пишува Плусинфо.

Најкреативни во ширењето на лажна вест и политичка пропаганда е порталот Република кои во насловот пишуваат: „Министерот за смрт“ веќе не е тоа, Филипче секој ден се слуша со Тодоров.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Твитер ги демантираше ваквите дезинформации кои ги напишаа интернет порталите по неговото гостување во ТВ Сител на емисијата Детектор, дека секојдневно се консултира со поранешниот Министер за здравство Никола Тодоров“.

„Мојот одговор беше дека се консултирам со поранешен Министер за здравство – колега од епидемиолошката сфера, мислејќи на Проф. д-р. Драган Данаиловски чија експертиза од областа на епидемиологијата исклучително ја почитувам“, пишува Филипче и додава: „Барам порталот Плус Инфо да се извини за погрешната интерпретација и во интерес на точно информирање на јавноста и да направи исправка“.

Во оваа фаза, покрај борбата со Ковид 19, обврска на секој граѓанин е да се бори и со лажните вести, дезинформациите и пропагандата.

Д.М.