По објавата на ЦИВИЛ Медиа за две избирачки места каде што членовите на Избирачките одбори заборавале да стават печати на дел од гласачките ливчиња, до тимот на ЦИВИЛ стигна информација од активст за човекови права за уште едно избирачко место, овој пат во Штип, каде што при броењето на гласовите е констатирано дека дури 90 гласачки ливчиња се без печат.
Според оваа сторија на граѓански новинар, членовите на Избирачкиот одбор констатирале дека заборавиле на печатот откако еден од гласачите забележал дека на неговото гласачко ливче недостасува печат, но веќе било предоцна за претходните 90 гласачи.
При броењето е констатирано дека вкупно 90 ливчиња се без печат.
За разлика од двете Избирачки места, за кои ЦИВИЛ Медиа пишуваше вчера и каде гласачите ливчиња по консултација со ОИК и ДИК се прогласени за важечки, членот на Општинската изборна комисија кој дошол на лице место да констатира што се случува, одлучил сите 90 гласачки ливчиња да се прогласат за неважечки.
Не е прв пат, Општинските изборни комисии, да носат произволни одлуки за ист проблем, без притоа да се уедначат одлуките.
ЦИВИЛ Тим за комуникации