ДУИ се соочува со секојдневни обвинувања и прашања зашто во 2014 година одлучи да ги бојкотира председателските избори. Главното прашање на многу граѓани, а и на албанските опозициски партии е зашто Стево Пендаровски тогаш не беше прифатлив консензуален кандидат, за разлика од сега кога одлучија да го подржат.
Во тоа време, во јавноста се ширеа сомневања дека во позадина се криеше сценарио за помагање на Иванов, со оглед дека албанскиот електорат беше спремен да го даде гласот за Пендаровски.
Сега социјалните мрежи се поплавени со ироонични прашања, но и со сериозни обвинувања. Некои ги споредуваат и со Амди Бајрам кој е познат по превртување на ставовите и поврзување секогаш со власта.
“Зашто во 2014 не го подржав Пендаровски, а сега да? Затоа што во 2014 беше во опозиција, сега е на власт – Амди Бајрам”, пишува на својот профил аналитичарот Роберт Несими.