Додека се живи пензионерите, ќе живее и Велес!

На вториот дводневен семинар од вториот циклус на проектот „Граѓански објектив“ што во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, се одржа викендов во Велес, покрај предавањата, учесниците поделени во неколку групи, учествуваа и на практичниот дел - работилницата за граѓанско новинарство и снимањето прилози на велешките улици. ЦИВИЛ Медиа денеска го објавува прилогот на граѓанските новинари Росица Стојкова и Ненад Јовановиќ, кои разговараа со еден велешки печалбар за економската ситуација во градот, за иселувањето, за зависноста на младите велешани од пензиите на родителите, дедовците и бабите, за изборите... 

„Партиите на власт те уценуваат, платата минимална од 10.000 денари, ако ти чини - ако не ти чини, мораш да ќутиш, мораш да траеш, мораш да бидеш со нив... Во Велес е катастрофално, целиот млад свет во градот, живее од пензиите на старите! Значи, додека се живи старите,  додека примаат пензии, овој град ќе живее, понатаму... многу тешко!“, им изјавува на граѓанските новинари на ЦИВИЛ, велешанецот - печалбар, кој на 46-годишна возраст бил присилен да биде еден од 600-те илјади граѓанина Македонија кои ги напуштиле родниот град и татковината, и заминале во странство, во спас од очајната економска ситуација.


hgzzt

This post is also available in: AlbanianEnglish