„На овие избори излеговме со најголем број на набљудувачи, што покажаа дека лицата со пореченост не се плашат од предизвици, но покажаа дека лесно ги совладуваат“, истакна Благица Димитровска, претседателка на здружението Инклузива, на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“.
„Организацијата на изборите беше безбедна иако сите се плашевме во однос на безбедноста на гласачите.
Имавме забелешки, но тие се провлекуваат со години наназад. Во однос на правото на глас на гласачите со попреченост беа создадени нови алатки и работиме на подобрување на алатките со ДИК, останаа системските проблеми односно правната рамка, лицата ги немаше на гласачкиот список.
Никогаш не ми било јасно, работните групи, домашните групи нема да бидат вклучени, а меѓународните ќе бидат, ние сите соработуваме со нив и сметам дека ги немаат препораките на Инклузива во целост.
Нашата држава е потпискник на конвенција за права на лица со попреченост и има обврска да им ги почитува нивните права. Нашата изборна правна рамка не е усогласена со оваа конвенција.
Ние доставивме барање до Министерството за правда да бидеме вклучени како организација за да ги дадеме нашите препораки и да ги застапуваме истите, бидејќи тука е директна дискриминација на лицата со одземена деловна способност, не постои никаква статистика за овие граѓани и бараме да бидеме вклучени, затоа што никој од наведените членови не може да ја застапува оваа група на граѓани како нас, бидејќи ги имаме податоците“, нагласи Димитровска.
This post is also available in: Albanian