Претседателските избори на 21 април, ги набљудуваше и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово. Нивните 44 акредитирани набљудувачи од ДИК се лица со повеќе различни видови на попреченост и беа распределени низ сите региони во државата. Нивната главна задача беше да ги набљудуваат изборите од аспект на кршење на правото на глас на лицата со попреченост. Со Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“ разговаравме за нивната интезивна соработка со ДИК во последниот период, како и за забелешките и изборните нерегуларности што ги нотирале за време на гласањето.
ЦИВИЛ МЕДИА: Колку сте задоволни од вашата соработка со ДИК?
ДИМИТРОВСКА: Нашата соработка со ДИК продолжува. Досега имавме позитивни резултати. По наштите препораки ДИК сега има толкувач на знаковен јазик на нивните седници, но исто така имаа и на самиот ден на гласање. Исто така, отворија линија за лицата со оштетен слух, на кои преку видео повик директно може да добијат информации за нивните забелешки или прашања, толкувани на знаковен јазик. Како новина, на наша иницијатива врз основа на извештајо за претходните избори каде рековме дека 71% од избирачките места се непристапни, ДИК набави околу 300 монтажни рампи. Тоа не е нивна должност, тоа е должност на локалната самоуправа и на министерствата кои располагаат со објектите, но направија напор да ги обезбедат. Нбавката оди преку увоз, затоа и пристигнаа на денот на изборите. Сепак, се работи за нешто позитивно што треба како пример да го следат сите институции. ДИК набави и 4 гасеничари. Со помош на нив лицата во количка се качуваат по скалила во избирачкото место. Ова нешто ново пто мислам дека веќе во вториот круг ќе се користи. Ние како „Инклузива“ во две избирачки места во Радишани и Бутел нотиравме како работат овие алатки.
ЦИВИЛ МЕДИА: Колку пријави на изборни нерегуларности пријавија вашите набљудувачи?
ДИМИТРОВСКА: Нашите набљудувачи евидентираа дека е мала излезноста на лицата со попреченост, како и на останатите граѓани. Забележано е подобрување на односот на избирачките одбори кон набљудувачите - лица со попреченост, за разлика од минатата година сега имаме само две пријави за недолично однесување. Во две избирчки места, претседателите на ИО се изјасниле дека кај нив нема лица со попреченост, што барале кај нив... Во останатите случаи комуникацијата беше во ред, што мислам дека се должи на обуките штто ги имавме со избирачките одбори пред изборите. Исто така, учествуавме во 6 обуки на ДИК, во делот на попреченсота. Она што е евидентно е дека на лицата со попреченост во неколку избирачки места не им дале да гласаат со придружник, туку со член на избирачки одбор, што е забрането. Еден случај, што не евидентиран од нашите набљудувачи, кои во тој момент не биле во избирачкото место, е сликање на гласачко ливче од лице со попреченост, на кое претходно му било кажано дека така треба. Случајот бил пријавен во полиција, мислам дека е поднесена и кривична пријава. Но, Инклузива по прибирање на сите информации ќе преземе дополнителни активности кај надлежните органи за да се интервенира да нема манипулации со лицата со попреченост. Пристапноста на избирачките места, и покрај интервенициите на ДИК останува во голем процент е иста, односно избирачките места се непристапни за лицата со попреченост.
ЦИВИЛ МЕДИА: Каква беше поставеноста на параваните за гласање на лицата со попреченост?
ДИМИТРОВСКА: Самите паравани за гласање се нестабилни. Ние баравме да се вратат параваните од локалните избори кои беа многу подобри. Во некои избирачки места беа дури и нерасколопени. Нашите набљудувачи на некои избирачки места добиле одговор дека ќе ги монтираат по потреба. Такво нешто не смее никој да си приушти. И лицата со попреченост ги имаат истите права како и сите други. Во наредниот период ќе продолжиме да иницираме да се прават стабилни, затоа што на Реверендумот 2018, еден параван падна врз лицето со попреченост.
ЦИВИЛ МЕДИА: Кога можеме да го очекуваме финалниот извештај од Инклузива?
ДИМИТРОВСКА: По завршување на вториот круг нашите набљудувачи ќе поднесат финален извештај за двата круга, во рок од 10 дена. Тогаш ќе излеземе со прецизни податоци на прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за сите наши забелешки.
Ова е веќе трето учество на „Инклузива“ во мониторингот на изборните процеси. Минатата година го набљудуваа Референдумот, а во 2017 година, за локланите избори учествуваа со 10 свои набљудувачи како дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Биљана Јордановска