Надоврзувајќи се на твитот на Филип Стојановски, за постот на Фејсбук страницата Фаланга за ширење на доброто, каде се повикува на поништување на изборите со неизегување на гласање, твитерчијата @mindplummer даде уште едно поедноствно, но реално и можно сценарио за самиот повик. „Мислам дека целта им е создавање на хаос, безредие, безвластие, повеќе отколку диктатура… Така ќе се создаде простор за „нови сили“, поддржани, најверојатно, од Русија“, коментира @mindplummer .
Твитерџијата Филип Стојановски, даде поинакво објаснување, дека самата страница на Фејсбук е спонзорирана, тогаш очигледно некој дава пари на луѓето отворено да им се промовира концептот на диктатура како подобар од демократија. И, како што вели Стојановски, најверојатно формата на диктатура што ја спремаат, тие што стојат зад Фалагата, е фашизам.
Б. Ј.