Од вкупно 817 регистрирани гласачи во затворот Идризово, до 15 часот правото на глас го искористиле 443 затовреници. Таму гласањето сè уште тече, а од ДИК, од каде ги потврдија податоците, демантираат дека во било кој затвор гласачките места се затворени. Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани, за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека колку и да биде излезеноста, па дури и да се исцрпи Избирачкиот список, избирачкото место во ниту еден затвор во земјава нема да се затвори до 19 часот.
Во некои затвори како и во најголемиот во Идризово, има пријави дека неколку затвореници не се наоѓале во Избирачкиот список. Но, од ДИК тврдат дека нема укинување на гласачкото право и дека тоа е последица на непријавување или не снабдување со лични документи во потребното време.
“Станува збор за лица кои не ги обновиле личните документи или не се регистрирале во списокот за пријавување во законскиот рок, како и за лица кои биле лишени од слобода по затворање на Избирачкиот список”, изјави Адмир Шабани, портпарол на ДИК.
А. Зеќири