Државната изборна комисија ги пречека Игор Јанушев, Александар Кирацовски и Флорин Хасани, шефовите на изборните штабови за претстојните Претседателски избори 2019 година. Тие, заедно со членовите на Државната изборна комисија, упатија апел до граѓаните да го искористат своето право на глас, во недела, на 21 април 2019.
Присутните истакнаа дека до сега овој изборен процес се одвива во мирна и демократска атмосфера и притоа укажаа дека со овие избори имаме шанса да ја покажеме демократската зрелост и политичка свест.
Сите заедно апелираа до граѓаните за фер и демократси избори.
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, упати апел да се почитува молкот на денот пред одржување на изборите, додека пак ДИК како и до сега ќе биде отворена за јавноста, со цел изборниот процес да биде успешен.