реку Твитер, Фејсбук и новиот Јутјуб канал, Државната изборна комисија ја започна својата едукативна програма за гласачите за претседателските избори. Едукативното видео „Глас по глас“ има цел да ги информира граѓаните дека треба да се изборат за да го остварат своето гласачко право, да бидат слушнати и да одлучат за својата иднина.
„Мојот глас е мое право, одговрност и цел. Со мојот глас, јас одлучувам. Јас имам глас, а имаш и ти. Гласај за да бидеш слушнат“, е пораката на ДИК. Видеото е на македноски јазик, со знаковен толкувач. Сè уште нема на албански јазик и на другите јазици што се зборуваат на територија на нашата држава.
Симболиката на крајот од видето укажува: Заоукружи за својата иднина.
Едукативната кампања е на самиот почеток. Но, може да се забележи дека овој видео материјал не нуди основни информативни податоци за начинот на гласање и заштитата на гласачкото право. Единствено, го промовира правото на глас и апелира за излезност на гласањето, како одлучувачки чин за иднината на граѓаните. Исто така отсустува и информацијата дека паралелно со претседателските избори се одржуваат и предвремени локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село.
Исто така, за избор на ПР агенција за едукација на гласачите преку видео, аудио и друг информативен материјал, ДИК одвоила 3.000.000 денари.
Б. Ј.