Владата денеска ги демантираше информациите објавени од пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, и дел од медиумите, дека тројца министри „се вакцинирале преку ред“.

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, беше објавено денеска на официјалниот Твитер профил на Портпаролот на Владата.

Милошоски, повикувајќи се на медиуми во Албанија, на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале. Дел од порталите, претходно, повикувајќи се „Њус 1“ од Албанија, објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ вели дека е целосна невистина и лажна вест информацијата дека веќе се вакцинирал.

„Категорично демантирам дека јас или било кој член од моето семејство има примено вакцина. Дополнителна потврда дека се работи за целосна измислица е фактот дека информацијата ја сподели Антонио Милошоски, кој во македонското општество е познат како генератор и ревносен ширач на лажни вести, човекот кој е ретко успешен колекционер на деманти.