Министерката за правда, Рената Дескоска, не ја исклучува можноста за уставни измени во делот на цензусот за избор на Претседател на државата, во случај на престојните претседателски избори да не се постигне потребната излезност на гласачи.
„Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ/ОДИХР. Има две опции, едната е претседателот да се избира на непосредни избори без потребно мнозинство на излезност во вториот круг. Тоа значи кој ќе добие повеќе гласови победува и тука немате можност да минирате избори преку бојкот. Другата опција е избор на претседател во Собрание. Тоа се две различни опции кои се можни и кои постојат во компаративното право“, изјави Дескоска.
За првиот круг на претседателските избори не е потребен цензус, додека за вториот круг од изборите, во кој одат двајца кандидати со освоени најголем број гласови од првиот круг, е потребна излесносот од 40 отсто од 1.808.131 гласачи запишани во Избирачкиот список, односно, 723.253 гласови.