Битола: Предизборни пешачки патеки - „за полесно гласање“

Предизборието во Битола го одбележуваат, покрај перманентниот проблем со загадениот воздух, и градежните зафати на локалната власт, кои наидуваат на спротивставени реакции, според политичката определба на граѓаните

Граѓанскиот новинар Влатко Чачоровски од Битола, посети една од локациите каде забрзано се поставуваат нови пешачки патеки, за кои постојат спротивставени ставови на локалните жители.

[huge_it_gallery id="14"]

Имено, и вчера, и покрај врнежливото време и несоодветните услови за работа, се изведувале градежни активности за поставување на нови пешачки патеки, помеѓу зградите во битолската населба „Ремо“, односно, од училиштето „Елпида Караманди“ до Трговскиот центар „Кеопс“. И покрај предизборниот елан и ентузијазам на локалната власт, на фотографиите се гледа дека дел од работниците сепак, се криеле од дождот под терасите, а функционирал главно багерот што го расчистувал теренот. Граѓанскиот новинар, во обиколката на реонот не забележал информативна табла со податоците за инвеститорот и рокот за завршување на работите.

Но, затоа, ги забележал реакциите на граѓаните. Додека дел од нив, критички настроени кон локалната власт, реагирале и се жалеле поради, според нив, непрофесионалниот пристап при изградбата, поради малата широчина на патеките, како и поради активноста на „општинарите“, само непосредно пред избори, локалните поддржувачи на централната и општинската власт, го поздравувале потегот, кој, според нив, ќе им овозможел на граѓаните „полесно да дојдат до гласачките места“ на изборите на 11 декември.


clpПроект: „Граѓански објектив“