Граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија имаат право да знаат дали политичките партии имаат протоколи за заштита од корона вирусот додека се растрчани во оваа предизборна битка во битката за власт.
Мора да знаеме дали партиите имаат некакви правила и дали ги почитуваат, што е уште по важно, оние правила што се однесуваат на заштитата од корона вирусот. Тоа што нам ни е важно да знаеме е – дали и како ќе се спроведуваат активностите на терен?
Дали и како политичките партии ги спроведуваат мерките и протоколите и како ги промовираат меѓу своите членови и во пошироката јавност, за да можеме да постигнеме ситуација во која ние ќе се заштитуваме од коронавирусот и под влијание на оние што велат дека можат да нѐ водат во наредните четири години.
Тоа што нам ни е важно е да дознаеме, колку овие политички партии вложуваат напори за да се борат против корона вирусот. Дали нивните членови ќе носат заштитни маски кога ќе одат на терен, кога ќе се среќаваат со граѓанките и граѓаните на нивните собири, внатре или надвор на отворено?
Исто така, ние мораме да знаеме дали политичките партии се доволно транспарентни тие информации да ги споделат со јавноста.
Колку тие се присутни на Фејсбук или на Твитер или на своите онлајн платформи, во кои тие ги повикуваат своите членови симпатизери, потенцијални гласачи – да ја разберат важноста на мерките за заштита од корона вирусот?
Знаеме дека изборите ќе бидат безбедни само онолку колку што ние ќе се бориме за нивната безбедност, за нивното спроведување, за спроведување на мерките за заштита од корона вирусот.
Значи, очекуваме одговори, да видиме како, колку, политичките партии се транспарентни и по ова многу важно прашање за изборите.
Џабир Дерала
камера и монтажа: Ариан Мехмети