Иницијативата #БарамОдговор што ЦИВИЛ ја покрена со цел јавно обраќање на граѓанките и граѓаните до оние за кои сметаат дека треба да дадат одговор за проблеми што лично нив, нивната заедница или сите нас нѐ засега, поттикна активист, при неговата посета во Гостивар, да ги праша надлежните органи за општествена појава, за која тој смета дека треба да се реагира.
„БарамOдговор од Општина Гостивар и МВР што планираат да превземат со дивите менувачи на пари што ги има на секој чекор низ градот, особено во центарот“, а на прашањето, загрижениот граѓанин, очекува одговор и од двете институции.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓан(к)и да поставуваат прашања и да бараат одговори од надлежните органи што имаат влијание врз одредени сегменти од нашето живеење, затоа што тие се должни да одговорат на јавните побарувања и да дадат одговори за спроведени или нереализирани дела во име на граѓаните.
Граѓаните своите прашања треба да ги испраќаат во видео формат (селфи-видео) на фејсбук страницата на ЦИВИЛ, фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected]
Биљана Јордановска