Иницијативата „Барам одговор“ на ЦИВИЛ - Центар за слобода продолжува и со истата им се овозможува на граѓанските новинар(к)и да поставуваат прашања и да бараат одговори од надлежните органи, кои се должни да им овозможат добри услови за живот на своите граѓани.
Идејата на иницијативата е преку видео граѓан(к)ите да постават прашање на политичар/политичарка, јавна личност, градоначалник/градоначалничка, институции, односно сите надлежни институции за кои сметаат дека треба да дадат одговор во однос на некое прашање кое ги засега.
Оние прашања кои ќе ги добие ЦИВИЛ од граѓанските новинар(к)и ќе бидат објавени на онлајн каналите на ЦИВИЛ, а прашањето ќе биде адресирано до соодветната институција или јавна личност до кого е упатено истото.
Прилозите во кои не се гледа ликот на авторката/авторот, се подразбира дека ќе бидат анонимни, а ЦИВИЛ нема да го открие идентитетот. Во секој случај, ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на поставувачот на прашањето, кои секако, нема да ги открие.
Прашањата пратете ги во видео формат (селфи видео) на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, Фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected].
Бидете дел од промените и приклучете се на иницијативата „Барам одговор“!