Анкета: Оценка на изборите и работата на ДИК

„Изборите беа добро организирани, а за Државната изборна комисија немам коментар за нивното неадекватното однесување, и не преземање на превентивни мерки за спречување на било какви напади, какви што им се случија. Не верувам дека ова што се случи со ДИК ќе фрли сенка на изборните резултати, бидејќи гласачките ливчиња се пребројуваат рачно“, вели една граѓанка на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Каква е оценката за одржаните избори и на работата на ДИК?

Друга граѓанка се изрази пофално, дека изборите беа добро организирани со сите мерки за заштита од Ковид 19, и додава дека не може да ги слуша граѓаните што се јавуваат во утрински емисии кои сакаат да се враќат чекор назад наместо да гледаат напред во иднината.

Една граѓанка вели дека има солидно мислење за работата на ДИК и нагласи дека Македонците се обрукаа на овие избори со тоа што партиите направија предизборни коалиции.

Текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски