Ангелов: Мора да знаеме колку сме за да можеме да се развиваме

Пописот е сложена статистичка операција. Македонија мора да спроведе попис. Во секоја држава се одржува на секои 10 години. Кај нас немало попис од 2002, а  без попис не можеме да имаме успешни политики во  економија енергетика образование, земјоделие итн, изјави Зоран Ангелов, координаторот на советничката група на СДСМ, на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“.

Мора да знаеме колку сме за да можеме да се развиваме. Не смее на ниеден попис да му се даде политичка конотација. Пописот ќе каже колку се дома колку се во странство повеќе од 12 месеци. Отселувањето на младите кадри за жал е многу големо и затоа мора да знаеме колку се отселени, на која возраст се и образованието нивно да го видиме. Во графата за етничка припадност секој ке се попише како се чувствува. Се надевам на успешно спроведен попис со почитување на сите мерки кои ќе ги препорача комисијата з заразни и сите мора да се придржуваат кон тие мерки. Се надевам дека нема да се прават опструкции и повикувам на масовно попишување, изјави Ангелов.

This post is also available in: AlbanianEnglish