Амбасадорот Жбогар и активист(к)и за човекови права ќе го отворат ЦИВИЛ ФЕСТ

На отворањето на ЦИВИЛ ФЕСТ на 10 декември, во 13 часот во МКЦ ќе говорат Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Ирена Стеријовска, режисерка и активистка, Благица Димитровска од Инклузива, Кочо Андоновски од ЛГБТИ - Центар за поддршка, Петрит Сарачини, национален кординатор за култура,  како и Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Фест е дводневен мултимедијален настан во организација на ЦИВИЛ што ќе се одржи на 10 и 11 декември во Младинскиот културен центар.

Во програмата покрај обраќањата и одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, како и 70 годишнината од носењето на Универзалната декларација за човековите права, се предвидени концертни и диџејски настапи, мултимедијална изложба, преформанси, видео проекции, презентации, церемонија за доделување на награди за граѓанско новинарство и многу дружење и забава.

Фестивалот е поддржан од National Endowment for Democracy.

 

 

This post is also available in: Albanian