ИЛИР АЈДИНИ, новинар
Една од најголемите закани за професионалното и независно новинарство, според мене, во последно време е големиот притисок на кој подлежат медиумите и новинарите од страна на политичките фактори, како на оние кои се на власт, така и на оние кои не бираат средства за да ја освојат. И ова, би рекол, вреди за сите земји во регионот.
Армии на партиски војници и заслепени следбеници на лидери со деспотски и диктаторски амбиции 24/7 бдеат на интернет во лов на медиумите и новинарите кои се осмелуваат да искажат било и најмали резерви кон „ликот и делото“ на нивните политички опции и на „неприкосновените лидери“.
Во Косово, каде што живеам и работам последниве години, има и такви лидери кои членството ги нарекува „таткото“ („баба“ на албански), па сега ти види. Односно размисли пред да објавиш нешто што „баба“ можеби нема да го бендиса.