Од дневникот на набљудувачите
На денот на изборите, на 15 јули, набљудувачите на ЦИВИЛ регистрираа и пријавуваа изборни нерегуларности во аналитичкиот центар на организацијата. Сите пријави за нерегуларности се архивирани во соодветни категории според типот на нерегуларностите, односно несоодветното непостапување на членовите на администрацијата задолжена за спроведување на изборите, или други чинители.
На 15 јули, во 13 часот на ИМ 2243, ОУ „Петар Поп Арсов“, село Извор, во општина Чашка, дошол постар гласач, којшто застанал позади параванот да гласа. Излегол и не го ставил гласачкото ливче во кутијата. Потпретседателот на ИО сепак му ја вратил личната карта и гласачот заминал. После него влегла да гласа негова роднина, која ги ставила двете ливчиња во гласачката кутија. Потпретседателот на тоа искоментирал: „сега со оглед дека имаме човек од ЦИВИЛ тука што нè гледа, ајде да не трошиме време за вакви ситници“.
Настанот не влегол во записник.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ