Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за две вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизулени и медиумски услуи што се случиле во изборен процес. ДКСК решија да спроведат истрага и за сомнежите во јавноста за случајот „Матка“, а ќе проверуваат дали има злоупотреба и незаконско постапување во Општина Сарај.
Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК објасни дека се работи за вработување на два правника во АМВУ за кои ќе се бара целосна документација, а документи ќе треба да обезбеди и Општина Сарај за случајот „Матка“.
Што се однесува за случаите за неотизам, на денешната седница се истакна дека два случаи се затворени, за ќерката на пратеничката Емилија Александрова каде се заклучило дека таа ниту конкурирала ниту се вработила во Фондот за иновации, и за сопругата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, за која се утврдило дека работела во училиштето и пред нејзиниот сопруг да стане градоначалник.
Б. Ј.