Граѓанска новинарка бара одговор од Општина Битола кога ќе се заврши реконструкцијата на улицата „Св. Климент Охридски“.
Улицата се наоѓа во центарот на градот и е поврзана со уште две доста прометни улици, „Партизанска“ и „Солунска“. Освен што од ноември, кога започнала реконструкцијата, само е раскопана, а не се гледаат видливи резултати, од прашината и земјата страдаат сите што живеат на овие улици. Сообраќајниот хаос и близината на Широк сокак уште повеќе ги иритира граѓаните, вели граѓанската новинарка.