„Новинарски прирачник“ го подготви тимот на ЦИВИЛ Медиа - Центар за медиуми и слобода на говорот, организациона единица на Цивил - Центар за слобода, врз основа на искуствата и документи од Норвешка, Германија, Велика Британија и Македонија.
Прирачникот има цел да ги потсетува новинарите, уредниците и сите вработени во сферата на медиумите на основните професионални правила и етички вредности.