Анкета: „Груевски за десет години пепел нé направи!“

На практичниот дел од обуката за граѓанско новинарство, предвидена во проектот „Граѓански објектив“,  дел од учесниците направија видео-анкета со млади соговорници во скопскиот Градски парк, за нивните ставови за Шарената револуција.

На семинарот за граѓанско новинарство што се одржа во саботата на 11-ти јуни во организација на ЦИВИЛ Центар за слобода, граѓанките и граѓаните кои аплицираа за учество на натпреварот „Биди граѓански новинар“ и учествуваа на неколкучасовната обука  во хотелот  Сити Парк, по завршувањето на теоретскиот дел, имаа практична задача, на улиците на Скопје да направат прилог за кршењето на човековите права, пред сé во изборен контекст. Една од екипите на граѓанските новинари сними видео-анкета со главно помлади соговорници, во скопскиот Градски парк.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=8SMifQ4W4-M[/youtube]

 


civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414

Оваа содржина се објавува во рамките на јунскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.