Зона на слободата на изразувањето

"Она што го обележува медиумскиот простор во Македонија е насилството, цензурата, етикетирањето, говорот на омраза, медиумски мрак под превезот на притисоцитe на власта, партизацијата на државата и новинари кои ја предадоа својата професија, во обид на манипулирање на јавната свест која треба да биде пасивна и послушна, како и искривување на вистината", вака Биљана Јордановска од ЦИВИЛ - Центар за слобода, го отвори мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“, што се одржа синоќа кај споменикот на Мајка Тереза.

Настанот беше посветен на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, на граѓанското новинарство и на активизмот.

13323263_977265582391911_2450613325410514117_o

 

На настанот се обратија шестмина професионални новинари, граѓански новинари и активисти. Томислав Кежаровски на македонски јазик, Дехран Муратов на ромски, Ермин Климента на босански, Арбана Ќерими на албански, Хадис Сулејман на турски и Синиша Станковиќ на српски јазик, односно секој на својот мајчин јазик, отсликувајќи ја Македонија како земја на различни етнички заедници, и сите заедно проговорија за медиумскиот простор во земјава, за човековото право на слободно изразување, за потребата да се каже својот став , за недостатокот на објективно известување и за извртената реалност која секојдневно се пласира во медиумскиот простор.

13340247_977264922391977_8036203901702108018_o

Со поетски перформанс и стихови за слободата се претставија поетите: Александра СпасескаМарија Џонс, Коста Карев,  и Џабир Дерала.

Исто така, настанот беше збогатен со видео проекции на прилозите на граѓанските новинарки и новинари, кои беа дел од натпреварот Биди граѓански новинар“. Присутните имаа можност да ги проследат „Се кине каде што е најтенко“, „Оти нема ЦИВИЛ во Америка“, „Шарена револуција“ и видео подготвено до тимот на ЦИВИЛ кое се однесува на протестите кои во изминатиов период се одржуваат секојдневно низ улиците на Скопје, Битола, Велес, Струмица...

DSC_1085

Музичарите од „Амон Мра Бенд“ го збогатија настанот и ги забавуваа стотиците скопјани, кои и покрај врнежливото време, уживаа во неколкучасовната програма подготвена од тимот на ЦИВИЛ за сите граѓанки и граѓани кои тежнеат кон слободата.

13329378_977264112392058_1942238213980948131_o

Мултимедијалниот настан е дел од проектот Граѓански објектив кој ја отвора можноста за јакнење на граѓанското новинарство во Република Македонија во време на информативниот мрак, давајќи им можност со својот придонес граѓанските новинар(к)и да влезат во историјата на објектовното известување, удирајќи им шлаканица на националните медиумски сервиси. Настани за слободата на изразувањето се одржаа и во Тетово, Битола и Струмица.

Проектот  е финансиран од National Endowment for Democracy.