Пошка: Преку позитивна љубопитност до почитување на различностите

-Можеби јас не доаѓам од таков бекграунд  како Кристина што самата го искусила тој мултикултурализам во секојдневието, на нивната трпеза, но моите околности се следни, живеам во Струга, која што е мултикултурна средина, сум учел албански во основно, па потоа во средно македонски, па студиите во Англија на англиски јазик, и самото искуство ти дава можност да го разбереш светот многу поразлично од тоа што некои жешки глави сакаат тоа да го третираат во нашиот локален контекст. Без дискусија дека ова е едно големо богатство за сите нас, се додека не спееме да го канализираме и да го разбереме искрено, тоа што и во теорија нуди мултикултурализмот. Јас гледам на универзитетот каде што предавам, дел од предметите е мултикултурализмот, и примери за вакви вредности има низ цела историја. Фактот дека се уште се трудиме со проекти да ги потенцираме тие вредности, покажува дека можеби че треба уште повеќе да сме поискрени едни кон други, и ова да се надмине, вели уметникот Агим Пошка на панелот на ЦИВИЛ на тема „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“.

Во видео пораката кажав дека повеќето градови, посебно мојот град, и имаме една река и сите живееме покрај таа река, повеќето, и за жал,  ние сограѓаните живееме едни покрај други, а не живееме едни со други. Би сакал да разбереме дека не можеме да го делиме целово ова поднебје по етничка основа, и ова би била една добра појдовна точка,  и мислам дека со вакви иницијативи сите тие вредности се надградуваа, и се подига свеста која што е многу потребна, посебно сега, во овој период кога поминуваме низ една голема, светска пандемија, кадешто големите несреќи не прашуваат за етнички групи, за религиозни итн.,туку имаме заеднички предизвик. Нека ни биде ова уште една порака за искрено да ја сфатиме оваа голема вредност и предност за сите нас што живееме во овој регион.

Моето искуство, како еден од начините да го разберам овој свет, и да не  ги гледаме различностите  како некој предизвик, тоа што јас го правам, за коешто сум квалификуван во мојата работа на универзитетот, е да се работи со младата генерација. Веќе со години предавам и во докторската и магистерската програма предмет од мултикултурата, и се надеваш дека ќе имаш еден директен  резултат од тие верувања со кои сум пораснал. Дел од овие резултати не можеме да ги добиеме од повозрасната генерација, немам некакви предрасуди дека сите се такви, но верувам дека еден од најдобрите начини овој феномен да стане нормалност, е со помладата генерација. Јас верувам во тоа, и еден едносавен родителски пристап за мене е носење на мојата ќерка во клубови кои се мултикултурни, кои за цел го имаат спортот, на часови по пијано коишто се исто така мултикултурни , без разлика кој е професорот или кој е изведувачот, или композиторот, или училиштето. Мора со вакви општи и конкретни примери да покажеме дека веруваме во тие заеднички вредности, и времето ќе покаже колку ќе има успех и колку ние како уметници сме имале некој позитивен пример над сето ова.

По дискусиите што ги имаме со екипата на ЦИВИЛ ние се трудиме да направиме една позитивна порака, но како и во мноштвото минати примери, политиката ни ја расипува оваа слика, и се надевам дека тие ќе научат многу повеќе од музиката, од уметноста, која е еден универзален јазик преку која работите се гледаат порелаксирано но и пореално за раслика од тие нивни толкувања на реалноста.

Во ова време на глобализам, притисокот постои и во самата етничка група. Нема веќе етнички групи кои се хетерогени, во кои нема различности, нема културни разлики итн. Начинот, или пристапот што ние како општество треба да го развиеме, е дека различното не е хендикеп, и да не одиме кон тоа дека се треба да е хетерогено. Хомогеноста веќе не постои во глобалниот свет, и како дел од тоа разбирање, би требало да има и резултати. Колку сме ние љубопитни како музичари, да научиме нешто ново, еден инструмент, или една хармонска линија, и цело време се импресионираме од таа различност, и ако ова може да се рефлектира, како огледало,и на пристапот кон луѓето, како тие се гледаат меѓу себе, а таа љубопитност да е позитивна, како што ние гледаме на нашите инстументи, таа љубопитност ќе има позитивни резултати. Ако љубопитноста се состои од – „чекај да најдам нешто што ќе креира нови проблеми, тогаш тоа веќе не е љубопитност, туку има други, тешки сценарија. Со еден збор, љубопотност со цел да научиш нешто ново, и како што е хармонски организирана музиката, така да живееме и ние.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Фотографија: Биљана Јордановска

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети