Донации на смрзнат имот за време на изборна кампања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, поранеше осуденик за воени злосторства, на својот Фејсбук профил објави фотографии од црквата св. Никола во селото Љубанци.

Поводот за објавување на фотографиите е донацијата од ВМРО-ДПМНЕ за црквата. Имено, партијата на оваа црква ѝ ги донирала луксузните лустери од седиштето на партијата, меѓу граѓаните позната под разни, погрдни имиња.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа, се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. Никола во с. Љубанци ќе Ви е вечно благодарна“, напиша Тарчуловски.

Донацијата повлекува неколку прашања.

Прво, познато е дека поради постоењето на два судски предмети од страна на СЈО, „Талир“ и „Талир 2“, кои се однесуваат на движниот и недвижниот имот на партијата, односно партиското седиште и уште 68 други објекти, сиот движен и недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат со судска одлука.

Второ, имајќи предвид дека кампањата која ја води оваа партија за претседателските избори го носи слоганот „правда за Македонија“, потсетуваме дека донации за време на изборна кампања се кривично дело.

ЦИВИЛ - Центар за слобода на оваа информација реагира со повик до надлежните институции и судовите да го разгледаат целиот случај и да констатираат дали партијата со оваа донација всушност го крши Изборниот законик и други законски одредби.

Маја Ивановска